ШОК ЗА БРАЗИЛ! НЕИМАР ЈА ЗАВРШИ ГРУПНАТА ФАЗА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО! Стигнаа првите информации за повредата на Бразилецот, НЕ СЕ НЕДОБРИ!

25.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ШОК ЗА БРАЗИЛ! НЕИМАР ЈА ЗАВРШИ ГРУПНАТА ФАЗА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО! Стигнаа првите информации за повредата на Бразилецот, НЕ СЕ НЕДОБРИ!

Судејќи според последните информации, најдобриот бразилски фудбалер Нејмар веќе по првиот натпревар ја заврши групната фаза на Светското првенство.

Нејмар беше прегледан и се лекува во хотелот на неговиот тим во Катар, откако го повреди скочниот зглоб на натпреварот со Србија.

Од бразилскиот тим, сепак, не соопштуваат детали за степенот на повредата.

Бразил ја победи Србија со 2:0 во првото коло на Мундијалот, а Нејмар го повреди десниот зглоб по дуелот со Никола Миленковиќ. Тој одигра уште 10 минути по тој старт, но беше заменет на 10 минути пред крајот на натпреварот.

Селекторот на Бразил Тите беше оптимист по натпреварот:

“Можете да бидете сигурни дека Нејмар сепак ќе игра на овој Мундијал. Сигурен сум во тоа“, изјави Тите.

Докторот на тимот Родриго Ласмар по натпреварот изјави дека е премногу рано да се знае сериозноста на повредата. Тој изјави дека почнале со лекување веднаш штом Нејмар го напуштил теренот.

Сепак, шпанска “Марка“ донесе малку попрецизна вест за состојбата на фудбалерот на Пари Сен Жермен по повредата што ја заработи на натпреварот против Србија.

Нејмар ја напушти играта во 79. минута, по што беше направена фотографија на која се гледа отечено стапало. Јавноста во Бразил со страв ја чекаше првата вест, а таа не беше баш добра.

Споменатиот извор наведува дека Нејмар нема да игра против Швајцарија во понеделник во второто коло на Мундијалот.

Неговата ситуација бара одмор, а втор меч за четири дена во никој случај не е препорачлив.

Покрај тоа, сигурно е дека напаѓачот нема да игра ниту против Камерун, особено ако Бразил слави против Швајцарија, пренесува “Марка“.

Ако му се верува на порталот, сигурно нема да го видиме Нејмар до 5 декември кога почнува нокаут фазата на Светското првенство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата