Од понеделник ПАК НОВИ ЦЕНИ на горивата

14.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од понеделник ПАК НОВИ ЦЕНИ на горивата

Од понеделникот за три денари се намалија ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два и пол денари, така одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Согласно оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР 95 изнесува 66,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69 ден/лит. Малопродажната цена на дизелот е 60 ден/лит, додека на екстра лесното масло за домаќинство изнесува 49,50 ден/лит. Цената на мазутот се намали за 1,267 ден/кг така што неговата малопродажна цена сега изнесува 33,851 ден/кг.

Со оваа најнова одлука, се изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек
за 4,18 проценти.

По продолжениот викенд се најавува нова цена на горивата. Останува да видиме дали РКЕ ќе ги намали или зголеми цените.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата