ФФМ го осуди говорот на омраза кон Алиоски

14.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФФМ го осуди говорот на омраза кон Алиоски

Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува говорот на омраза чија последна жртва беше нашиот репрезентативец и фудбалски амбасадор Езџан Алиоски.

Ние како федерација и институција која е социјално одговорна и се залага за развој на позитивните вредности во општеството секогаш ќе стоиме на страната на правичниот третман и почитувањето, без оглед на верската, националната припадност, расата или бојата на кожата! Сите репрезентативци кои со гордост го носат националниот дрес се нашите најголеми амбасадори, и заслужуваат секаква почит! Уште еднаш сакаме да порачаме – Омразата не игра на наш терен! Да ја исклучиме и од нашето окружување! Ги повикуваме институциите на системот соодветно да реагираат на ваквите немили настани, со цел никогаш да не се повторат, се вели во реакцијата на ФФМ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата