НОВИТЕ JAGUAR F-PACE И RANGE ROVER EVOQUE ЌЕ ГИ ПРЕЧЕКААТ ГОСТИТЕ НА БРИТАНСКАТА АМБАСАДА

13.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НОВИТЕ JAGUAR F-PACE И RANGE ROVER EVOQUE ЌЕ ГИ ПРЕЧЕКААТ ГОСТИТЕ НА БРИТАНСКАТА АМБАСАДА

Британската амбасада вечерва во Музејот на современа уметност, традиционално ќе го одбележи Националниот ден на Велика Британија, а гостите на автентичен начин ќе бидат пречекани од британските премиум креации на луксузните компактни SUV возила – Jaguar F‑PACE и Range Rover Evoque!
F-pace1

Доминантниот Range Rover Evoque ќе биде изложен пред самиот музеј каде што гостите ќе имаат можност да се запознаат со неговата нова технологија и технички иновации кои првпат се вградуваат во SUV сегментот и асоцираат на поголемите модели од гамата на Range Rover. Моделот претставува совршена рамнотежа помеѓу беспрекорната способност и префинетоста при друмското возење што овозможуваат Range Rover Evoque да се вози со задоволство, комоција и уживање. Со раскошни природни материјали во внатрешностa на кабината, дизајнот ја следи стратегијата на редукција и смиреност.

Range Rover Evoque овој пат сцената ќе ја дели со Jaguar F-PACE перформансниот SUV. Од испакната хауба до нагласените задни крила, неговиот моќен изглед го прави исклучителен и ги привлекува погледите. Модел кој плени со својата возбудлива природа и карактер  доби доби пет ѕвездички според Euro NCAP тестовите за безбедност. Високите оценки за заштита за возрасни, деца и пешаци потврдуваат дека F-PACE е меѓу најбезбедните возила на пазарот. Комбинацијата на мерки за активна и пасивна безбедност вклучува стандардни карактеристики, како Автономно итно кочење со Систем за забележување пешак, заедно со опционалните системи за помош на возачот како што се Помош за задржување во коловозна лента и Надзор на состојбата на возачот.

Доколку сакате уште подобро да ги запознаете или пробате овие модели, направете го тоа веднаш кај овластениот увозник – Аутомобили Гроуп на ул. Скупи бр.8, 1000 Скопје.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата