ОСЛОБОДЕН битолчанецот кој го застрела зетот, БИЛО САМООДБРАНА

10.10.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОСЛОБОДЕН битолчанецот кој го застрела зетот, БИЛО САМООДБРАНА

Ослободителна пресуда денеска доби битолчанецот кој во февруари го уби поранешниот зет, откако тој со мачета му упаднал во семејната куќа и се заканувал на поранешната сопруга. Тогаш таткото на девојката пукал со пиштол и го убил поранешниот зет, 44-годишниот С.С.

Веста за „Фокус“ ја потврдил синот на осомничениот.

-За нас како фамилија ова значи конечно мир и реална правда после 8 месеци поминати низ пекол, ни изјави Јоцо Ѓоргиевски, кој додава дека неговиот татко сега ќе излезе од притвор.

Осомничениот се бранеше дека во самоодбрана и во одбрана на својата ќерка пукал кон зетот

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата