Бела Хадид излезе гола на модната писта во Париз (ВИДЕО)

1.10.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бела Хадид излезе гола на модната писта во Париз (ВИДЕО)

Спрејот за тело се претвори во вистинска ткаенина

Француската модна куќа Коперни покажа револуционерна техника со која може да се направи фустан на голо тело во миг со помош на спреј, а за модел ја избраа познатата манекенка Бела Хадид.

Овој момент ќе остане во историјата на Париската модна недела.

Бела на модната писта прошета гола, само во бели гаќички, а во еден миг ја опкружија дизајнери со шишиња полни со бел спреј, кои потоа ги испрскаа по телото, од рамениците до колената и така го формираа фустанот.

Но, тоа не беше крајот. Кога бојата набрзо се исуши, се претвори во вистинска ткаенина и формираа бел фустан, сличен на оние што претходно беа прикажани на модната ревија.

Оваа револуционерна техника е дизајнирана од шпанската компанија Fabrican, а станува збор за специјален полимер кој станува цврста ткаенина кога се комбинира со телото.

Супер идеја да не се трошат пари на дизајнерски парчиња, само уште да се најдат пари да се платат мајсториве, да дојдат и да творат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARA 🌓 LAFONTAN (@maralafontan)

Фото: принтскрин

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата