Русија денеска и формално ќе ги анектира четирите украински региони

30.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија денеска и формално ќе ги анектира четирите украински региони

Веста ја потврди портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, кој соопшти дека попладнево во големата палата во Кремљ, ќе се одржи церемонија на потпишување договори за влез на овие региони во состав на Руската Федерација.

На овој настан  говор ќе одржи и Путин, рече Песков.. Таканаречените референдуми, кои западните земји не ги признаваат се одржаа во Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, каде според проруските лидери, жителите максимално се изјасниле за припојување кон Русија..

 Украинскиот претседател Волдимир Зеленски најави дека Киев ќе одговори остро ако Русија ги припои сите четири региони.

Зеленски за денеска свика итна седница на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата