Брнабиќ: Србија не е неутрална во однос на војната во Украина

28.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брнабиќ: Србија не е неутрална во однос на војната во Украина

Брнабиќ изјави дека Србија не е неутрална и дека ја осудува агресијата врз Украина. Таа додаде дека јапонските политичари не вршат притисок како европските, туку дека се заинтересирани да слушнат каков е ставот на Србија, пишува „N1 Србија“.

„Ние не сме неутрални по ова прашање, нашиот став е целосно јасен, се приклучивме на резолуциите на ОН и на декларациите на ЕУ, каде што ја осудивме агресијата врз Украина. Нашето Министерство за надворешни работи соопшти дека нема да ги признаеме резултатите од референдумот. Единствената разлика е што ние не сме и не сакаме да воведуваме санкции кон Русија, имаме добро објаснети причини за тоа“, изјави Брнабиќ за српските новинари во Токио.

Брнабиќ вели дека нејзината средба со јапонскиот премиер поминала добро и дека ќе ја искористи за градење политички и економски врски на Србија со Јапонија, пренесува „N1 Србија“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата