Членките на НАТО ги осудија референдумите на територијата на Украина

22.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Членките на НАТО ги осудија референдумите на територијата на Украина

„Силно го осудуваме планот да се одржи таканаречен референдум за приклучување кон Руската Федерација на украинските области делумно контролирани од Русија“, се вели во соопштението на Северноатлантскиот совет, тело составено од амбасадори на земјите-членки на НАТО.

Русија најави одржување референдуми во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон. Членките на НАТО нагласуваат дека никогаш нема да ја признаат нелегалната и нелегитимна анексија на украинска територија. „Тоа е украинска територија. Ги повикуваме сите земји да ги отфрлат очигледните руски обиди за освојување на територијата“, се вели во соопштението.

Во соопштението се отфрла и „неодговорната нуклеарна реторика“.

„Русија сноси целосна одговорност за војната, огромното страдање што нејзината агресија му го носи на украинскиот народ, како и цената на нејзината војна, вклучително и за рускиот народ кој сега се мобилизира. Русија го има крајот на конфликтот во своите раце и мора веднаш да ја прекине оваа војна и да се повлече од Украина“, се вели во соопштението на Северноатлантскиот совет.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата