Кривична за едно лице за сторено разбојништво со СМРТНИ ПОСЛЕДИЦИ

21.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кривична за едно лице за сторено разбојништво со СМРТНИ ПОСЛЕДИЦИ

Единицата за внатрешни работи Чаир при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против  З.П.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 5 од Кривичниот законик. Тој, со уште две лица, на 08.11.2021 во с.Глуво, Скопско, физички ги нападнале Ѓ.Ж. и В.Ж. во нивниот дом и извршиле разбојништво, по што, по неколку дена Ѓ.Ж. починал од здобиените повреди.

На 19.09.2022, по наредба на Јавен обвинител, полициски службеници од Единицата за насилен криминал извршиле претрес во домот на пријавениот, при што го пронашле и лишиле од слобода. Додека, на 20.09.2022 З.П. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата