Папараци ја снимиле Ребел Вилсон на улица во жешка прегратка со својата нова девојка (ФОТО)

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Папараци ја снимиле Ребел Вилсон на улица во жешка прегратка со својата нова девојка (ФОТО)

Папараците ги снимиле како шетаат низ улиците на Лос Анџелес додека си разменувале бакнежи и прегратки. Воопшто не им било грижа што фотографите се зад нив.

Во јуни, Ребел ја изненади јавноста кога објави ажурирање на нејзиниот љубовен живот на Инстаграм. Таа потврди дека е во врска со Рамона.

„Мислев дека го барам мојот принц од Дизни… Но, можеби она што навистина ми требаше цело ова време беше принцезата на Дизни“, напишала тогаш 42-годишната актерка со фотографијата со својата девојка.

Ребел се појавуваше со Рамона на бројни настани во последните неколку месеци, но сите тогаш мислеа дека тие двете се само добри пријателки.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата