Гутереш: Има уште многу работа околу извозот храна од Украина

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гутереш: Има уште многу работа околу извозот храна од Украина

Денеска во Одеса Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави дека останува уште многу да се направи за да се обезбеди глобален пристап до украинските прехранбени производи и руската храна и ѓубрива, откако беше постигнат договор за извоз на храна со посредство на Турција и ОН.

Тој повика на непречен пристап до руската храна и ѓубриво кои не се предмет на санкции на светските пазари, пренесува „Ројтерс“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата