Маркетинг микс слави роденден и најавува нови проекти за нови победи

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Маркетинг микс слави роденден и најавува нови проекти за нови победи

12 ГОДИНИ ЗАД СЕКОЈ ТРН, РОЗА И НЕКА СЕ МНОЖАТ! – СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МАРКЕТИНГ МИКС!Оваа честитка кажува се за продукцијата која 12 години се бори и опстојува како единствена и уникатна, пред се, препознатлива по одлични теренски проекти. Маркетинг Микс денеска слави и заокружува „градина“, полна со „рози“ собрани како културна меморија од градовите, селата, допрените и недопрените убавини од Македонија. Споредбата ја оправдуваат досегашните 6 проекти: „Влези Вози“, „55 минути“, „На шанк“, „Од кое село е баба ти?“, „ВИП на еден ден“, и последниот кој се уште е актуелен и во подготовка на третата сезона „Мастраф Муабет“. Сума од над 300 сработени емисии и бројка за почит и здравица.

– Да се биде препознаен од публиката, по стилот, концептот, изборот на темите и општествената одговорност, токму со пристапот кон вредностите, традицијата, вмрежувањето и сплотувањето на приватниот сектор како поддржувач на тв- проектите со промотивен и хуман карактер е навистина за респект. Но, тој пат на успехот, како што вели Лилјана Варадиновска, продуцентка на Маркетинг Микс, се трасира и негува со посветеност и, пред се, со доверба која досега се покажала како оправдана, со оглед на поддршката низ сите овие години од страна на приватниот сектор, познатите личности кои со задоволство учествуваат во емисиите и публиката која ги бара премиерите, репризите и продолженијата со охрабрувачки коментари.

„За сите овие 12 години, присуството во етерот не беше лесно, но мотивот да се испрати нешто ведро, убаво, поучно и културно, на забавен и гледлив начин, беше посилен од проблемите кои се договоривме да бидат предизвици кои ќе не избрусат во уште подобри и повредни“. Најголемата инвестиција на „Маркетинг Микс“, како што вели Лиле, за сите што ја знаат, секогаш ведра, енергична и млада во духот, е во пријателствата, посебно кога  предизвикот е нешто убаво и заедничко.

„Затоа, за нас трњата се мотив да ги ги направиме рози, а секоја роза е порака, добра мисла, убавина, глетка, поента, се што во последно време се повеќе недостасува во „колачот од етерот“ поделен на турски серии, напнати вести и политика, кои собрани заедно се токму тој токсичен вкус кој го труе народот, го стресува и навикнува на шунд програма, девалвирајќи ги сите преостанати вредности. Она на што сме особено горди, е тоа што во последниот проект „Мастраф Муабет“, со поддршката на локалните македонски компании и производители го покажавме нивниот капацитет и стремеж да ја задржат младината, овде во Македонија, со развој, стратегија и коорпоративни политики кои како примери на успешни приказни, ги испративме да ја разбудат свеста за вредноста на колективот. Соработката со сите учесници во проектот значеше и голема одговорност да се испорача задачата, завршена на највисоко ниво и секогаш од поново да се заслужува довербата која за нас не смее да биде на „стара слава“.

Она што отсекогаш ме воодушевувало е ентузијазмот и посветеноста на секој од екипата кој се пронашол и се посветил во тв-проектите. Понекогаш со екипата која станува “дрим тим“, станувате мало семејство, со кое имате датуми, настани, згоди и незгоди, кои ги чува архивот од спомени, кои често знаат да не зближат, насмеат и орасположат. Работата на терен е скапоцено искуство, тука покрив е небото, а независно од плановите, секогаш претстојат изненадувања, затоа што продуцирањето на динамични  тв-емисии е жива материја, кохезија од флуиди, харизми, енергии, сосе сите протагонисти во креативниот процес.

Генерално овие 12 години, од основањето на „Маркетинг Микс“ се заокружени во успех, затоа што секој од тв- проектите си обезбедил публика, бил прифатен и се уште се памти. За нас тоа значи дека сме биле разновидни, креативни, нови и интересни за да ја постигнеме целта, да испратиме грст добри мисли и оптимизам од убавата страна на Македонија, која ја поклопија и обезвреднија наметнатите содржини кои воглавно служат како инструмент за контрола и месење на свеста на народот или како „лоша лимунада“ против добриот вкус.

И понатаму нашиот имератив ќе биде добрата страна на приказната, ќе газиме со инспирација, мотивација и промоција на она што е вредно за покажување. Останува, да уживате и во третата сезона на „Мастраф Муабет“, нашето најмладо, веќе,  3-годишно чедо, кое го растеме заеднички во добар манир, на наше огромно задоволство заедно со вашата поддршка и со поддршката на сите наши пријатели и партнери кои знаат што значи работа без прекин и борба за квалитет.“

Овој 12 годишен осврт и личен впечаток, врз база авторските искуства на продуцентката и екипата, е поткрепен со една богата ризница од убави коментари, честитки и охрабрувања, кои ја бодрат продукцијата да расне и да се развива во својата најдобра верзија.

Место здравица, за овој роденден, нека продолжат да зборуваат коментарите…

За „Мастраф Муабет“, познатите личности кои учествуваа во проектот, рекоа:

Филип Талевски, ракометар, по потекло од Крушево:

„…Емисијата е прекрасна затоа што, пред се, постојано се зборува за културата и традицијата во градовите, низ целата наша земја Македонија. Опширно се запазува секој момент од гостинот и од културата на градот. Искрено да ви кажам, сите мои блиски што ја гледаа емисијата се воодушевени и се многу среќни што постојат такви емисии…“

 

 

 

Даниел Воиновски, концесионер на репроцентарот Ниџе

…„Мастраф Муабет“ ми остава впечаток на производ зад кој стои екипа од стотина луѓе, а де факто, тоа е само мал тим, составен од професионалци и перфекционисти. Од кога учествував во една од емисиите, понатаму продолжив да ги гледам сите, едноставно станав фан… За мене тоа е еден флуиден серијал богат со убави енергии, кои му даваат посебна нота и уникатност…“

Драган Темелковски алијас Џони Лајв, музичар, по потекло од Делчевско, Тработивиште :

„…Најдобро организирана емисија, најпрофесионална екипа и водителка, нешто што во Македонија одамна немало. Секоја чест!…“

 

Владимир Четкар, кантавтор, Охриѓанец

„…Искрено, ова е најубавата емисија, која досега сум ја снимал воопшто. Сите се воодушевени, почнувајќи од моите па се до луѓе што ги видов низ чаршија. Ви благодарм за се, ова е голема реклама за Охрид. Монтажата, музиката, текстот…се е ептем убаво. Сензационално! Браво! Секоја чест!“

 

 

Перса Стојановска, претседател на ЗФГ„Копачка“, Драмче, Делчево

„…Сакам да изразам огромно задоволство за начинот на обработката на емисијата „Мастраф Муабет“ за Копачката и Делчево… Искажувам едно огромно благодарам! Да Ви се множат животните успеси на секое поле па и за вакви и слични емисии… Секоја чест! Ви симнувам капа!“

Благодарност до сите, се гледаме со нова енергија, поубави и помудри….

 

 

Ѓоко Ѓорчев, пејач, со потекло од Неготино

„Емисијата беше супер, многу искрена, топла, полна емоции. Mи се јавија пријатели и сите се задоволни од двата дела…Ова е сведоштво на едно време и на една Македонија, некогаш и сега…”

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата