Баерн го купи најголемиот талент во Грузија

19.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баерн го купи најголемиот талент во Грузија

Екипата на Баерн Минхен се пофали дека нејзин нов член е 17.годишниот Лука Паркадзе, недвојбено прогласениот за најголем талент на Грузија во моментов. Тој е член на тимот на Динамо Батуми, и според Баерн тој е следен од нивна страна подолг период, па откако скаутите дефинитивно се увериле во неговиот потенцијал и квалитет, следува трансферот во Минхен.

„Ние знаеме за Лука подолго време и нашите скаути го набљудуваа“, изјави шефот на Академијата на Баерн, Јохен Зауер. „Тој остави одличен впечаток за време на нашето зкаутирање“, додаде тој.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата