ВОНРЕДНА ВЕСТ НА СРПСКИТЕ МЕДИУМИ – нема напредок по ниту едно прашање, се очекува најважното обраќање на Вучиќ до нацијата

18.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВОНРЕДНА ВЕСТ НА СРПСКИТЕ МЕДИУМИ – нема напредок по ниту едно прашање, се очекува најважното обраќање на Вучиќ до нацијата

Во Брисел нема напредок по ниту едно прашање, бидејќи косовскиот премиер Албин Курти одбива каков било компромис, јавуваат речиси сите српски медиуми како ударна вест.

– Нетрпеливо ги очекуваме следните денови – вели изворот на „Блиц“ од Брисел.

Како што наведува, во текот на вечерта или утре во текот на денот се очекува најважното обраќање на Вучиќ до нацијата.

Претходно денеска претседателот на Србија закажа средба со Србите од Косово и Метохија од седиштето на ЕУ, која ќе се одржи во недела во 11 часот во палатата „Србија“. На средбата беа поканети сите политички и институционални претставници на Србите со КИМ, лидерите на Српската листа, сите српски градоначалници, началници на окрузи, директори на болници…

– Поканата на Вучиќ до Србите на средба е сигнал за лоши вести од Брисел – вели изворот на Блиц.рс.

Фото: Европска унија

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата