Самопоништување

Македонкиот преговарач ги воодушевува Бугарите: НЕМА ВРСКА СРЕДЕН ВЕК СО ДЕНЕС… А РИМЈАНИТЕ?!

15.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонкиот преговарач ги воодушевува Бугарите: НЕМА ВРСКА СРЕДЕН ВЕК СО ДЕНЕС… А РИМЈАНИТЕ?!

Средновековните империи и држави се сосема различни државни творби, идентитети и контексти од современите држави и нации. Затоа настојуваме да избегнеме да се гледаат настаните пред 150 и пред 1.000 години во денешната етничка призма, а сакаме да ги истакнеме универзалните вредности на луѓето од тоа време преку кои може да се поврзат двата народи и не само двата народа, порача вечерва Драги Ѓоргиев, копретседателот од македонска страна на заедничката Мешовита историска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија.

-Идентитетите во средниот век и сегашните национални идентитети апсолутно не треба да се поврзат. Лојалностите во средниот век се кон царот и кон црквата и нема лојалност кон нацијата и народот. За овој период важно е да се почитуваат универзалните вредности и да се инсистира во чествувањето на лицата од тоа време да се вклучат не само Македонија и Бугарија, туку и други народи.

Затоа препораките кои се усвоени за заедничко чествување и за учебниците во Македонија и Бугарија воопшто не ги допираат идентитетските прашања – рече Ѓоргиев во интервју за ТВ Сител и додаде дека е нелогично да се поврзува денешен идентитет со идентитетот во антиката на народите кои живееле тука.

Во текстовите за заедничко чествување, додаде, нема никакво спомнување на етнички групи и на идентитети на лица или на заедници со што го постигнавме она за што се залагавме – идентитетските прашања да не бидат тема на разговор на Комисијата. Така вели тој, но Македонија прифаќа бугарски идентитет на Цар Самоил, на пример, и се откажува од македонскиот идентитет на Климент Охридски.

-Двете држави се обврзуваат за многу работи во протоколот, па и во однос на промените во учебниците. Мора да има реципрочност во обврските. Она што го има преземено како обврска Македонија е 99 отсто поклопено со она што мора да го направи Бугарија во однос на учебници и во однос на заеднички чествувања – посочи Ѓоргиев.

Ова објаснување на Георгиев е сосема спротивно на реалниот свет и праксата во која Италија е носител на идентитетот и културата на Римското царство, Грција за себе смета дека е носител на културата и идентитетот на старите хеленски градови Атина, Спарта, Иран на Персиското царство, Турција со Османлиската империја… Времиња во кои немало, според денешен критериум, дефинрани нации, но нациите ги наследиле идентитетот и културите на тие поднебја и денес ги имаат како свои. Сите, освен Македонија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата