Почнуваат рестрикциите во електроснабдувањето во Косово

15.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почнуваат рестрикциите во електроснабдувањето во Косово

Потрошувачите ќе имаат струја шест часа, а потоа два часа ќе бидат исклучени. Од компанијата е појаснето дека потрошувачите ќе се снабдуваат со електрична енергија исклучиво од домашно производство, бидејќи КЕДС веќе нема финансиски средства да купува струја.

Од компанијата наведуваат дека таквата состојба настанала поради енормните цени на електричната енергија на меѓународните пазари и недоволното покривање на трошоците на системот.

КЕДС ја обвини владата на Косово бидејќи на добавувачот ни му дала ништо од субвенциите во износ од 100 милиони евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата