Украинските борбени пилоти: Добивме ракети со кои конечно ќе им правиме дупки на Русите

13.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украинските борбени пилоти: Добивме ракети со кои конечно ќе им правиме дупки на Русите

Од неодамна тие се опремени со ново американско оружје. Во прашање е ракетата АГМ-88 Харм, со која сега почнуваат да „дупчат дупки“ во руската воздушна одбрана и да постигнуваат спектакуларни резултати, пишува Тајмс.

Имено, минатиот петок украинските воздухопловни сили го извршија својот најголем воздушен напад во војната досега – со споменатите ракети Харм, кои имаат дострел од околу 145 километри, уништија руски противвоздушни системи и вредна опрема.

Мајорот на украинското воздухопловство, 27-годишниот „Ждрал“ и неговиот борбен авион Сухој Су-25, рускиот непријател во својот пресретнувач цели два часа ги гонел.

– Се прашувавме дали е глуп или луд. Беше луд – вели „Ждрал“ за Тајмс. Иако сакал да слета, неговата команда имала поинаков план – штотуку полетал украинскиот ловец Су-27 „Фланкер“ и му доаѓал на помош. Маневрирајќи бесно, испука проектил, се слушна силна експлозија – а Русинот исчезна. Човекот што го пилотирал Фланкер бил негов соученик од универзитетот, 28-годишен капетан познат како „Вингмен“, за кого тоа беше првата елиминирана човечка цел во војната.

И во вторникот, силни експлозии одекнаа во руската воздушна база на полуостровот Крим. Тогаш беа уништени најмалку девет руски авиони.

Иако анонимни украински функционери изјавија за американските медиуми дека нападот го извршиле специјалните сили, сателитски снимки создадени по експлозиите покажале три големи кратери, што укажува на тоа дека најверојатно станува збор за проектили со долг дострел кои требало да бидат пресретнати од силната противвоздушна одбрана.

– Сите се изненадени. Сите експерти мислеа дека украинските воздухопловни сили ќе бидат збришани за неколку дена. Фактот дека тие продолжуваат да спроведуваат офанзивни воздушни операции е само доказ за вештината и храброста на пилотите и помошниот персонал – изјави Енди Нетервуд, поранешен командир на ескадрон на британското кралско воздухопловство (РАФ).

Тајмс пишува дека борбените авиони на рускиот претседател Владимир Путин со недели избегнувале да ги преминат линиите на фронтот.

– Сега претежно пресретнуваме руски крстосувачки ракети. Затоа што Русите се плашат да влезат во нашиот воздушен простор, што не беше случај во првите недели од војната – вели „Вингмен“.

И тој и неговиот колега „Ждрал“ имаат завршено околу 20 борбени мисии од почетокот на руската инвазија на Украина.

– Бевме подготвени за војна, но не видовме вистинска инвазија, вистинска крв… Изгубивме многу момци во првите денови од војната. Пред летот разговарате со пријател, а 30 минути подоцна слушате дека е мртов. Тешко е, дури тогаш сфаќаш дека би можел да бидеш следниот – искрени се пилотите.

Во моментов, само секој петти пилот во Украина има авион со кој може да лета. Ним очајно им требаат повеќе модерни авиони за да го одбранат населението од нападите со крстосувачки ракети. Руските воздухопловни сили се многу поголеми, помодерни и опремени со авиони кои можат да изведуваат удари од долг дострел далеку од дофатот на украинските пресретнувачи. Покрај тоа, Русите имаат голема техничка предност.

– Доминантни се и во радарското извидување, бидејќи имаат авион А-50, како Авакс, кој може да го види речиси целиот воздушен простор на Украина. Некои мисии веќе ги чекаат нашите напаѓачки авиони или хеликоптери, високо во воздухот, да лансираат ракети воздух-воздух. Немаме ништо како Awacs, но ни треба алтернатива од нашите партнери – изјави „Wingman“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата