Украина: САД ДА ГИ САНКЦИОНИРА СИТЕ РУСКИ БАНКИ

13.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украина: САД ДА ГИ САНКЦИОНИРА СИТЕ РУСКИ БАНКИ

Украина ја повикува администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден да воведе санкции за сите приватни руски банки.

Ова за Блумберг го изјави Оксана Маркарова, претставник на Киев во Вашингтон.

Во интервју за њујоршка агенција, таа рече дека владата на претседателот Володимир Зеленски сака САД да додаваат неколку банки неделно на списокот на руски финансиски институции кои се санкционирани.

Украинската амбасадорка истакна дека барањето го препратила до Министерството за финансии на САД.

„Санкциите се исто толку важни колку и оружјето. Штом се воведат санкции на една банка, некоја друга приватна банка одеднаш станува финансиер на (руската) индустрија или војската“, рече Маркарова, поранешна министерка за финансии, додавајќи дека секоја руска банка е легитимна цел на санкции.

Таа понатаму изјавила дека иако за одредени цели може да бидат поштедени неколку банки, „за сите други треба да се воведат санкции, бидејќи сите се ангажирани во финансирањето на нивната терористичка машина која води војна“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата