Барса успеа да регистрира четири од петте нови играчи

13.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барса успеа да регистрира четири од петте нови играчи

Спас во последен час што се вели. Челниците на Барселона успеаа да регистрираат четворица од петте нови играчи кои ги донесоа ова лето. Па така во првото коло против Рајо Ваљекано (вечерва, 21:00 часот) на „Ноу Камп“ ќе дебитираат Роберт Левандовски, Рафиња, Франк Кеси и Андреас Кристенсен.

Стоперот Жулс Кунде ќе мора да причека барем до наредното коло затоа што мора да се отвори простор за него, а тоа ќе се случи кога ќе замине Мемфис Депај. Добра вест за Барса е што успеа да ги регистрира и Серхи Роберто и Усман Дембеле кои потпишаа нови договори.

Депај се очекува да замина во текот на идната недела, а најверојатно во Јувентус.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата