Халкбанк со матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 мил. евра

12.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Халкбанк со матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 мил. евра

Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата.

„Врз основа на Решението на Комисијата за хартии од вредност УП 1 Број 10-195 од 14.07.2022 година одобрена е XIХ-та емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда. Односно, Халк Банка А.Д. Скопје изврши зголемување на основната главнина со издавање на 184.500 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000,00 денари по акција или со вкупен износ на емисијата од 1.845.000.000 денари”, се вели во соопштението на Халкбанк АД Скопје објавено на Македонска берза.

Халкбанк АД Скопје е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар. Вкупниот капитал на Банката по извршената XIХ-та емисија на акции изнесува 11.001.910.000 денари, а вкупниот број на акции е 1.100.191 обични акции со номинална вредност 10.000 денари по акција.

Купувач на целата емисија на акции од 19-та емисија е мнозинскиот акционер на Банката, Халк Банкаси А.Ш. Турција со седиште на Барбарос Махаллеси, Шеббој Сокак бр.4, 34746 Аташехир Истанбул, Р. Турција.

Матичната банка Халкбанк АШ Турција инаку неколку пати досега помогна во зголемување на средствата на Халкбанк АД Скопје. Претходните година беа направени неколку докапитализации во насока на спроведување на стратегијата за раст на банката.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата