Вучиќ: Додека сум жив, нема да одам во Хрватска на море

12.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ: Додека сум жив, нема да одам во Хрватска на море

Вучиќ рече дека повеќе од десетици илјади луѓе годишно летуваат во Хрватска и дека негов личен став е дека „додека е жив, нема да оди таму на море“. Тој додаде дека не им замерува на граѓаните на Србија кои летуваат во Хрватска.

„Оние граѓани кои веќе летуваат таму го покажаа својот став за тоа. Мојот став е дека не би летувал таму и тоа е во ред. Секој има свое мислење и тоа е суштината на едно демократско општество“, рече Вучиќ , како што објави N1 .rs.

Тој рече дека не сакал да оди на море, туку во Јасеновац, за да покаже почит кон жртвите и дека побарал повторно да го посети тоа место, но дека ништо не се случило. Тој ја повтори својата претходна изјава дека е шокиран што во Белград нема улица посветена на жртвите од Јасеновац, ниту споменик.

Вучиќ оцени дека во Хрватска е почната ревизија на историјата.

„Хрватска е лута поради одбележувањето на злосторството на патот Петровац бидејќи сака да покаже дека Бурата била чиста“, рече претседателот на Србија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата