„Лудило за двајца“: Еве кога ќе биде премиерата на продолжението на „Џокер“

4.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Лудило за двајца“: Еве кога ќе биде премиерата на продолжението на „Џокер“

Продолжението на оскаровецот психолошки трилер „Џокер“ ќе се појави во кината ширум светот на 4 октомври 2024 година, соопшти портпаролот на филмската компанија Ворнер Брос.

Хоакин Феникс повторно ќе ја игра главната улога во продолжението на „Џокер: Лудило за двајца“, пренесува Ројтерс.

Феникс доби Оскар за најдобар актер во 2019 година за улогата на Џокер.

Други детали за продолжението на филмот се уште не се соопштени од Warner Bros.

Списанието „Variety“ сепак објави дека новиот филм ќе биде мјузикл, а се очекува улогата на соработничката на Џокер, Харли Квин, да ја игра Лејди Гага.

Оригиналниот „Џокер“ на Филипс беше премиерно прикажан во 2019 година и го претстави иконскиот негативец од стриповите и филмовите за Бетмен, од неговите почетоци како комичар и кловн, до насилник подготвен да ја уништи цела Готам. Оригиналниот филм за Џокер беше огромен успех на бокс офисот во кината ширум светот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата