Дали Надал СЕ ДОПИНГУВА?

7.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дали Надал СЕ ДОПИНГУВА?

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини ја доведе во прашање сериозноста на повредата на Рафаел Надал.

– Се разбира… Тој играше 4 часа и 20 минути. Момци, престанете да верувате во се што е напишано, ве молам!!! – напиша Фоњини на своите профили на социјалните мрежи.

Ова ги подгреа повторно шпекулациите за допинг кои се актуелни последниве неколку месеци.

Вчеравечер Надал го победи Американецот Тејлор Фриц во меч кој траеше за 4 часа и 20 минути и покрај проблемите со стомачните мускули (3:6, 7:5, 3:6, 7:5, 7:6). Во вториот сет 22-кратниот победник на Грен слем зеде медицински тајм-аут.

Следен противник на Шпанецот ќе биде Австралиецот Ник Кирјос. Тие ќе се борат за пласман во финалето на Вимблдон.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата