Баерн НЕ ГО САКА Роналдо

7.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баерн НЕ ГО САКА Роналдо

Генералниот директор на Баерн Оливер Кан демантираше дека клубот од Минхен е заинтересиран за Кристијано Роналдо, пренесува германски „Кикер“.

Го почитувам Роналдо како еден од најголемите играчи во историјата на фудбалот, но потпишувањето со него би било против филозофијата на клубот“, изјави Џан.

Германските медиуми потсетуваат дека Роналдо во понеделникот не се појави на стартот од подготовките на Манчестер Јунајтед за новата сезона.

Португалецот сака да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во клуб со кој следната сезона би играл во Лигата на шампионите.

Германските медиуми тврдат дека Ливерпул, Реал, Барселона, Манчестер Сити и Пари Сен Жермен не се заинтересирани за Роналдо, туку дека челниците на Челзи го сакаат португалскиот фудбалер во својот тим.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата