Протестите продолжуваат – Во 19:00 пред Влада преку министерство за правда до Собрание

7.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Протестите продолжуваат – Во 19:00 пред Влада преку министерство за правда до Собрание

Протестите против предлогот на Франција продолжуваат и денеска но со различна рута. Според најавата истите ќе почнат пред влада, но овој пат преку министерство за правда до Собрание.

– Нема враќање чекор назад. Нема отстапување од Македонија. Денес продолжуваме, масовно, мирно и гордо во 19 часот пред влада, преку министерство за правда каде ќе порачаме дека нема промена на Уставот за внес на Бугарите, затоа што Уставот не е Википедија, и ќе завршиме пред Собранието. Нема полициска монтировка која ќе не уплаши, стои во најавата.

Се додава дека нема меѓуетнички тензии, туку има заштита на криминал и предавство на Македонија против кое се бориме.

-Апелираме да не се наседне на полициските провокации. Ултиматум, не благодарам. Против асимилација и бугаризација. Излезете масовно. Македонија е нашата последна тврдина, додаваат во најавата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата