Разрешен в.д директорот на Комунална хигиена, неговиот брат пукаше со пиштол на плоштадот „Скендербег“

7.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Разрешен в.д директорот на Комунална хигиена, неговиот брат пукаше со пиштол на плоштадот „Скендербег“

Директорот Зуди Енузи е разрешен од позицијата вршител на должност на јавното претпријатие Комунална Хигиена, информираше синоќа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Во соопштението се наведува дека Градот Скопје како град на соживот и солидарност не смее да биде центар на насилство и пресметки со огнено оружје и креирање меѓуетнички тензии меѓу нашите сограѓани.

Политиката зема замав и во ниту еден случај не смее да влијае на професионалноста на водењето на институциите.

-И покрај одличното и професионално менаџирање со јавното претпријатие Комунална Хигиена од страна на Зуди Енузи, сепак мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието. Затоа истиот е разрешен од позицијата вршител на должност, се вели во соопштението од Арсовска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата