Прв летечки хотел во свет: Може да прими 5.000 гости и да остане со години во воздухот (видео)

6.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прв летечки хотел во свет: Може да прими 5.000 гости и да остане со години во воздухот (видео)

На Јутјуб објавена е снимка на летечки хотел на иднината кој “никогаш неможе да остане без гориво“

Благодарение на нуклеарната енергија, првиот летечки хотел никогаш нема да остане без гориво и може да лета неколку години без да ја допре земјата – се тврди во описот на футуристичкиот авион пренесува Индепендент
Спрема амбициозниот дизајн на лебдечкиот “хотел на иднината“ под името “Skaj kruz”, авионот би требал да прими 5.000 гости.
Во описот, дизајнерите наведуваат дека авионот го покренува нуклерна енергија и дека со неа управува систем со вештачка интелегенција. Хотелот има сопствена опсерваторија во облик на диск во кој патниците можат да гледаат невероватни призори.


Дизајнерите тврдат, додека авионот останува во воздух со години, патниците ќе бидат снабдувани со залихи по пат на електрични комерцијални или приватни авиони, кои би можеле да слетуваат на врвот на авионот.




Во видео – матерјалот на кој е прикажан дизајнот на Тони Холмастен и анимација Al-Gailija, тврди дека
“Skaj kruz” ќе нема “јагленородна трага“, и ќе има 20 електрични мотори кои “обезбедуваат чиста нуклеарна енергија“.

Летечкиот брод е претставен како дестинација за одмор како луксузен авион за крстарење, каде што ќе има повеќе барови и ресторани, базени, палуба за посматрање, кино и театар и соба за игри – како и места за венчавање кои се на располагање за парови.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата