ССМ одлучува за следните чекори што ќе ги преземе поради неисполнување на барањето за линеарно зголемување на платит

6.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ССМ одлучува за следните чекори што ќе ги преземе поради неисполнување на барањето за линеарно зголемување на платит

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе одржи Претседателство на кое ќе донесе одлука за натамошните чекори што ќе ги преземе поради неисполнување на нивното барање за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари.

Синдикатот бараше со ребалансот на Буџетот да бидат обезбедени средства за исплата на линеарното зголемување на платите согласно минималната плата и за тоа беше поднесен амандман во Собранието кој не беше прифатен.

Синдикатот го почна генералниот штрајк во јавниот сектор на 22 јуни со барања за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ за сите вработени согласно зголемувањето на минималната плата, потпишување на Општиот колективниот договор и исплата на К-15. На првиот ден од штрајкот беа поставени 120 столчиња пред Собранието, а на вториот ден 21 столче пред Владата. Беа поставени столчиња и пред министерствата за финансии, труд и социјална политика и информатичко општество и администрација. Синдикалните претставници три часа го блокираа и влезот на Скопје кај Автокоманда.

Штрајкот уследи откако не беше постигнат договор меѓу синдикатот и Владата. Синдикатот останува на ставот за линеарно зголемување на платите, додека од Владата велат дека треба да се најде системско решение за раст на платите, а не да се прифаќаат ад хок решенија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата