Таткото на Видоје тврди дека Николина Пишек ја интересираат само пари, а водителката врати дека ѝ го оспорува правото на наследство

23.06.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Таткото на Видоје тврди дека Николина Пишек ја интересираат само пари, а водителката врати дека ѝ го оспорува правото на наследство

Таткото на покојниот Видоје Ристовиќ и го оспорува правото на наследство на неговата снаа, тврди водителката Николина Пишек.  Додека пак Миша Гроф тврди дека Николина управувала со парите додека бил жив Видоје бидејќи и праќал пари на сметки во Хрватска, а Видоје и го издржувал целото семејство. Тој во интервју за српски медиум ја нападна водителката дека барала пари по смртта на неговиот син, и дека ја интересирало само да заврши доградбата на куќата во Белград. Поранешната водителка неговата изјава ја нарече срамна.

„Тоа што Николина мисли дека може да ја продаде колекцијата на мојот покоен син е голема грешка. И татко ми беше колекционер и јас тоа го правев истото цел живот, па Видоје. А сега се прави паметна и сака се да уништи. Целата колекција на мојот син ќе оди или во Историскиот музеј или во Музејот на применета уметност“, открива Миша Гроф.

„На невистинитите и груби инсинуации на мојот свекор, г-дин Витор Ристовиќ или како што вие го нарекувате Миша Гроф, кои ги објавивте на 22.06.2022 година, сите мои обраќања до таткото на Видоје во врска со имотот беа исклучиво насочени кон остварување законски наследни права кои свекор ми ги негира, за жал, грубо негира и мене и на ќерката на Видоје, што се гледа од неговата изјава што ја објавивте: Таткото на мојот сопруг не е негов законски наследник и нема право да располага со имотот на Видоје, кој неоправдано сака да го присвои“, рече водителката обраќајќи се до медиумите.

Во соопштене во кое стои дека господинот Ристовиќ и во овие моменти бил расположен и има сила да зборува со смеа за посебна хотелска соба за кучињата на водителката, за што тврди таа дека е целосна невистина.

„Мојата и ќерката на Видоје дојде во Белград со повредена нога на 40 дневниот помен да се прости од својот татко. Жал ми е што свекор ми не сметаше дека е потребно да да и помогне на неговата внука околу потребата за доктор и што во овие тажи денови не го почитува достоинството на Видоје, ниту достоинството на неговото најблиско семејство, кое Видоје со љубов го создаваше во животот“, стои во соопштението на водителката.

Да потсетиме, Николина реши да се обрати и да испрати јасна порака до својот свекор на Инстаграм, каде го нарече демон. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата