Ристовска и ЦСКА со пораз ја отворија финалната серија

23.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ристовска и ЦСКА со пораз ја отворија финалната серија

Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва се поразени во првиот финален натпревар во рускиот шампионат. Тимот на македонската репрезентативка беше поразен на гостувањето кај Ростов Дон со убедливи 27-25.

ЦСКА Москва одигра слабо во првото полувреме, постигна само седум голови, а прими 11. Вториот дел беше поефективен, но тимот на Ристовска немаше сили и простор да извади повеќе од оваа средба. Шансата за прва победа ќе ја бара на втората пресметка.

Ристовска беше стрелец на два гола од три обиди. На другата страна во редовите на Ростов Дон, незапирлива беше Ана Вахирева која постигна 10 гола од 16 обиди.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата