Захарова: Руската армија ќе реагира на влезот на Финска во НАТО

18.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Захарова: Руската армија ќе реагира на влезот на Финска во НАТО

Одговорот на Москва на одлуката на Финска да влезе во НАТО ќе биде изненадување и ќе биде преземен пред се од војската, откако ќе се земат предвид голем број фактори кои ќе бидат специфични за членството на Финска во Северноатлантската алијанса, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, пренесува Тасс.

На прашањето на фински новинар за воено-техничките мерки што Русија планира да ги преземе против Финска поради нејзината апликација за членство во НАТО, Захарова рече дека тоа би било „изненадување“.

„Со ова прашање ќе се занимава нашето Министерство за одбрана. Ќе донесеме одлука откако ќе земеме предвид голем број фактори и детали за тоа како ќе напредува пристапот на Финска во НАТО. Одлуката ќе биде донесена врз основа на сите овие фактори, но неа пред се ќе ја донесе војската“, нагласи Захарова, пренесе Индекс.хр.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата