Во Пехчево успешно извршена дислокација на гнездо на штркови

18.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Пехчево успешно извршена дислокација на гнездо на штркови

 Акцијата ја реализираа вработени од претпријатието, а активистката Жаклина Реџовска изрази задоволство што штрковите се преместени на безбедна локација.

-Ова е доказ дека се вклучуваме во цивилизациските текови. Браво за дечките од „Фагус” за успешното преместување на штрковите на безбедно, изјави Реџовска.

Во слична акција на иницијатива на активистката, пред две години гнездо на штркови беше дислоцирано од електричен столб во беровското село Ратево.

-Да се надеваме дека од петте јајца кои ги забележавме во гнездото, барем две нови штркчиња ќе ги појават главите од гнездото, рече Реџовска.

Годинава, во Пехчево е зголемена појавата на нови штркови кои засолниште најдоа на повисоките згради и дрвја во околината на градот.

Ваквите и слични интервенции за дислокација на загрозени гнезда на птици преселници се честа појава во последните години во Пијанец и Малешевијата. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата