Министерството за одбрана ќе изнајмува мобилни тоалети во вредност од над 42.000 евра

18.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Министерството за одбрана ќе изнајмува мобилни тоалети во вредност од над 42.000 евра

Министерството за одбрана ќе изнајмува мобилни тоалетни кабини во вредност од 2.600.000 денари или 42.276 евра.

На електронскиот систем за јавна набавка објавен е тендер склучен помеѓу Министерството за одбрана со фирмата МАСС-МОБИЛЕН САНИТАРЕН СЕРВИС ДООЕЛ Скопје каде што стои дека се изнајмуваат мобилни тоалетни кабини за потребите на командите и единиците на Армијата во време траење од 2 години.

Вкупната вредност со која ќе бидат платени е 42.267 евра, или месечно Министерството за одбрана за изнајмување на мобилните тоалетни кабини ќе плаќа по 1.761 евра.

Воедно, во услови кога граѓаните се соочуваат со инфлација, низок животен стандард, сиромаштија, а државата се соочува со криза на секое поле, независниот синдикат на професионални војници НСПВМ незадоволен од третманот на Министерството за одбрана најави поставување на шатори и вреќи за спиење долж тротоарот пред Владата се додека не ги исполни нивните барања, во однос на подобрување на условите за работа, зголемен буџет на МОРСМ, на подобрување на опремата на вработените, како и на корекција во Законот за служба во Армијата за подобрување на условите за живот и работа на вработените.

Но, и покрај најавите на независниот синдикат на професионални војници за најавениот протест се уште нема реакција од страна на министерката Славјанка Петровска за можно наоѓање на решение и испочитување и исполнување на нивните барања.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата