Телото најдено кај Ада Хуја имало иста маица, како онаа што ја носел МАТЕЈ кобната ноќ

18.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Телото најдено кај Ада Хуја имало иста маица, како онаа што ја носел МАТЕЈ кобната ноќ

Маичката пронајдена на телото што утрово се појави кај Ада Хуја е идентична со маичката што ја носел Матеј Периш ноќта на неговото исчезнување.

Имено, станува збор за темна маичка со апликација на јагуар и жолт натпис кој оди во круг и пишува „Power Super Cleaner“. Матеј Периш носел иста таква маица и на фотографијата која кружеше по сите медиуми кога беше пријавено неговото исчезнување во Белград.

Matej Periš, Pronađen

Исто така, покрај телото е најдена и бела патика која одговара на описот на онаа на Периш.

Matej Periš, Pronađen

Покрај тоа, на телото имало темносини фармерки, на раката сребрен часовник и во џебот телефон.

Идентификацијата ќе биде потврдена врз основа на ДНК анализа, со споредување на ДНК на трупот со ДНК профилот на таткото на исчезнатиот Периш, Ненад Периш.

Majica koju je u noći nestanka nosio Matej Periš

Инаку, тој се уште не може да дојде по телото на синот, дознава Курир од семеен пријател, бидејќи според процедурите прво морал да обезбеди гробно место за Матеј.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата