„МАМА, БАБА И ДЕДО СЕ УБИЕНИ“: Потресни детали за злосторството во Нови Сад

25.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„МАМА, БАБА И ДЕДО СЕ УБИЕНИ“: Потресни детали за злосторството во Нови Сад

Страшно злосторство се случило во петокот во новосадската населба Телеп, каде 37-годишниот Горан Јанковиќ, сопственик на вулканизерска работилница, до смрт ги претепал 32-годишнаа сопруга Мирјана и нејзините родители, 57-годишниот Бранислав и 57-годишната Нада Пајиќ.

Убиството се случило во дворот од куќата во Нови Сад, додека тука биле и малолетните синови на Горан и Мирјана, постариот на возраст од 10 години, а помалиот кој оди во градинка.

Осомничениот избегал и по него трагаат сите единици на новосадската полиција, а ангажиран е и полициски хеликоптер. Несреќната жена и нејзините родители најверојатно се усмртени со удари со тап предмет по глава.

Масакрот се случил во петокот утрината во околу 7 часот, а нешто пред 8 часот три безживотни тела во домот затекнал М.П. брат на Мирјана и син на Бранислав и Нада.

Него наводно телефонски го повикал постариот син на Горан и Мирјана и му кажал што се случило.

Мама, баба и дедо се убиени, рекло детето.

Осомничениот Горан имал забрана за пристап на сопругата и комуницирање до 12 јуни, која му била изречена поради насилство во семејството направено на 11. мај. И покрај тоа тој вчера дошол за да разговара со Мирјана.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата