СКРОМНО: Карлеуша вложила „само“ 15 000 евра за настап во Белград!

25.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СКРОМНО: Карлеуша вложила „само“ 15 000 евра за настап во Белград!

После повлекувањето заради наводниот секс скандал и смртта на мајка и Дивна, Јелена Карлеуша почна да настапува, а веќе го закажала и првиот голем концерт. Пејачката е најавено дека во јули ќе одржи концерт на Ушќе во Белград, и тоа во рамки на фестивалот Улаз. Карлеуша веќе ангажирала кореограф, нарачала специјално осветлување и ефекти и за тоа искеширала 15 000 евра. Свесни дека публиката ја сака организаторите на фестивалот и дале понуда која не можела да ја одбие, но имала и свои услови.

„На Јелена и недостасува белградската публија затоа што овде секој нејзин настап е одлично посетен. Бараше некои посебни услови, па така ќе има и посебен влез за неа за да не се сретне со медиумите. Исто така, нарача специјално осветлување и ефекти. Само за тоа плати околу 8 000 евра. Ангажираше и кореограф, па по цели денови вежба, ги учи движењата. Истовремено работи и на новите песни“, рекол извор близок до Јелена. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата