Трамп: Случајот со „Хуавеј“ би можел да биде дел од трговските преговори со Кина

24.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Случајот со „Хуавеј“ би можел да биде дел од трговските преговори со Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, првпат навести дека случајот со кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ би можел да биде вклучен во трговските преговори со Пекинг.

„’Хуавеј’ претставува опасност. Кога гледате што прават тие кога е во прашање бебедноста, од воено гледиште. Многу опасно. Но можно е случајот со ‘Хуавеј’ да се вклучи во трговскиот договор. Ако постигнеме договор ‘Хуавеј’ би можел да се вклучи“, рекол Трамп, без да наведе повеќе детали.

САД забранија соработка со „Хуавеј“ без посебна дозвола од владата.

Трговските преговори меѓу САД и Кина засега не дадоа резултати и двете страни една на друга си воведоа нови царини.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата