ЧЕЛСИ СЕ ПРОДАВА, Абрамович ПАРИТЕ ЌЕ ГИ ПОДАРИ за жртвите во Украина

2.03.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЧЕЛСИ СЕ ПРОДАВА, Абрамович ПАРИТЕ ЌЕ ГИ ПОДАРИ за жртвите во Украина

Сопственикот на Челзи во заминување, Роман Абрамович, издаде соопштение во кое потврди дека го продава лондонскиот клуб Челси со барана цена од 2,5 милијради евра..

Тој дополнително ја појасни својата одлука преку писмо, кое го пренесе официјалната веб-страница.

Би сакал да кажам нешто за шпекулациите во медиумите кои се појавија во последните денови во врска со мојата сопственост на Челзи. Како што кажав претходно, секогаш сум носел одлуки кои се во најдобар интерес на клубот.

Поради моменталната ситуација, решив да го продадам клубот, бидејќи верувам дека тоа е во негов интерес, во интерес на навивачите, вработените, спонзорите и партнерите на клубот“, напиша Абрамовиќ и додаде:

„Продажбата нема да оди брзо, ќе оди според процедурата. Нема да барам ништо од моите позајмици на клубот. Никогаш не се работеше за пари или работа, туку за чиста страст за играта и клубот. Му наложив на мојот тим да воспостави добротворна организација која ќе ги донира сите пари од продажбата. Парите ќе одат за сите жртви на војната во Украина. Ова вклучува обезбедување средства за итни потреби, како и поддршка на долгорочна работа за опоравување“.

“Оваа одлука беше неверојатно тешка за мене, ме боли што се разделувам со клубот на овој начин. Сепак, верувам дека ова е најдобро за клубот. Се надевам дека ќе можам да го посетам Стемфорд Бриџ за последен пат, лично да кажам збогум со сите вас „Беше привилегија да бидам дел од Челзи и горд сум на сите наши достигнувања заедно. Челзи и навивачите ќе бидат во моето срце засекогаш“.

Абрамович е на чело на Челзи од 2003 година, а приказната за неговиот мандат на Стемфорд Бриџ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата