НАЈГОЛЕМАТА ОПАСНОСТ ДОАЃА ОД НЕБОТО: Американците се плашат од кинеските дронови

23.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАЈГОЛЕМАТА ОПАСНОСТ ДОАЃА ОД НЕБОТО: Американците се плашат од кинеските дронови

Беспилотните летала произведени во Кина би можеле да се користат за шпионирање и да му овозможат на Пекинг „слободен пристап“ до многу податоци кои ќе се искоритат во техношкиот судир помеѓу двете велесили, предупредуваат од САД.

Американската влада изрази „загриженост поради технолошките производи кои пренесуваат податоци од САД на териториите на авторитарните земји и на разузнавачките служби им овозможуваат слободен пристап до тие податоци или нивна злоупотреба на некој друг начин“.

 

 

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп минатата седмица во името на заштитата на националната безбедност на САД, им забрани на американските компании да им ја продаваат својата опрема на “Huawei” – кинески технолошки гигант кој е осомничен за шпионирање во корист на Пекинг.

Од друга страна, од DJI како водечка компанија во производството на цивилни дронови, во своја одбрана велат дека нивната технологија има поминато низ независна проверка од страна на американската влада и најголемите компании во Соединетите Американски Држави.

 

 

DJI нема поголем конкурент на пазарот во САД, но и општо во светот, посебно откако од пазарот се повлече познатата калифорниска компанија GoPro. Оваа превласт сега ги загрижува властите од Вашингтон, па американската влада уште во 2017-та година ја забрани употребата на дроновите на споменатата кинеска компанија од безбедносни причини.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата