Новиот координатор за ебола на ОН ќе се справува со безбедноста и политичките прашања во Конго

23.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новиот координатор за ебола на ОН ќе се справува со безбедноста и политичките прашања во Конго

Обединетите нации во четвртокот именуваа координатор за справување со ебола со цел да помогнат во подобрувањето на напорите за спречување на 10-месечна епидемија во Демократска Република Конго, во која загинаа над 1.200 луѓе.

Дејвид Гресли е назначен на новото работно место, се вели во соопштението на Обединетите нации и Светската здравствена организација (СЗО).

„Тој ќе ја надгледува координацијата на меѓународната поддршка за справување со еболата и ќе работи на тоа да обезбеди воспоставување на поволно опкружување – особено безбедносно и политичко – за да се овозможи уште поефикасна реакција на болеста“, се додава во соопштението.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата