Марин Ле Пен мора да врати 300.000 евра во Европскиот парламент

23.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Марин Ле Пен мора да врати 300.000 евра во Европскиот парламент

 

Европскиот суд ја отфрли жалбата на француската десничарска лидерка Марин Ле Пен, која повторно го оспорува враќањето на околу 300.000 евра во Европскиот парламент за спорното вработување на својата соработничка додека беше европратеник.

Во пресудата од вторникот, Европскиот суд на правдата ја отфрли жалбата на Ле Пен на одлуката во јуни 2018 година, последната фаза на таа постапка на европско ниво. “Чадна бомба, никој не е измамен”, одговори со СМС Марин Ле Пен.

Претседателката на Националното собрание (РН) ја објави жалбата по одлуката на Европскиот суд од 19 јуни 2018 година со која се потврдува дека Ле Пен мора да врати 300.000 евра во афера што била предмет на правен спор во Франција. Ле Пен побара поништување на процесот.

Судот, исто така, оцени дека Ле Пен „не можела да докаже дека нејзината соработничка ги извршувала задачите за неа” една и пол година по одлуката на Европскиот парламент за тоа враќање.

Надоместокот се однесува на вработувањето на Кетрин Грисет како парламентарна соработничка на крајот од 2010 година до почетокот на 2016 година.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата