Нимиц не го добил надоместокот за неговиот ангажнан во решавањето на спорот со името

23.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нимиц не го добил надоместокот за неговиот ангажнан во решавањето на спорот со името

Метју Нимиц, посредникот во решавањето на спорот за името помеѓу Македонија и Грција, во разговор за Дојче Веле изјави дека Обединетите нации му останале должни и не му биле исплатен надоместокот за неговиот децениски ангажман кој резултираше со потпишување на Преспанскиот договор.

Американскиот дипломат точно 20 години работеше како медијатор назначен од генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, а за тоа потпишал договор со седиштето за симболична сума од еден долар годишно.

-20-те долари никогаш не ми ги исплатија, ама барем редовно ми ги плаќаа патните трошоци, се пошегува Нимиц.

До самото потпишување на спогодбата во Преспа на 17 јуни 2018 година не бил сигурен дека целата работа ќе се истера до крај и неизвесноста ја чувствувал до последен момент.

Тоа беше многу потресен и многу важен ден. Мислам дека веројатно беше врвот на мојата кариера, додава Нимиц.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата