РФМ се премисли: Македонија - Грција нема да се игра во Скопје!

21.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
РФМ се премисли: Македонија - Грција нема да се игра во Скопје!

Машката сениорска репрезентација на Македонија последниот натпревар за квалификациите на ЕП 2020 против репрезентацијата на Грција нема да го игра во Скопје, како што беше најавено, туку домаќин ќе биде во салата „Парк“ во Струмица.
Натпреварот ќе се игра на 16 јуни, со почеток во 18 часот.
Македонија на тој натпревар треба да го верификува пласманот на првото место и воедно да се реваншира за поразот што го доживеа во Кожани на почетокот на квалификациите. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата