Агенцијата за филм стана членка на Европска асоцијација на филмски агенции

21.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Агенцијата за филм стана членка на Европска асоцијација на филмски агенции

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија стана 34 членка на Европската асоцијација на филмски агенции (EFAD’s).

Како што истакнуваат во соопштение од Агенцијата за филм, одлуката за прием во оваа многу значајна асоцијација била донесена на Генералното собрание на EFADS каде директорот на Агенцијата, Горјан Тозија имал излагање и ги претставил заложбите кои ги прави Владата во насока на поддршка на филмската продукција како и насоките кои се превземаат за унапредување на филмската дејност во нашата земја.

Агенцијата станува придружен член на EFAD’s, а тоа е статус резервиран за сите филмски агенции и центри од земјите членки на Советот на Европа. Овој статус ќе и овозможи на Агенцијата да учествува во сите активности во организација на оваа асоцијација и и гарантира делумно право на глас, се појаснува во соопштението.

„Силно веруваме дека Агенцијата за филм на Северна Македонија во голема мера ќе има корист од своето членство во мрежата на EFAD’s, што придонесува за актуелизација на европските политики и иницијативи, фокусирајќи се на промоцијата и дистрибуцијата на европските дела и предизвиците на европската филмска индустрија. Приклучувањето кон здружението ќе ни овозможи размена на информации, споделување на искуства и зајакнување на нашите заеднички цели, преку таргетирање на клучни прашања посветени на филмот во дигиталното доба, авторските права & борбата против пиратеријата и филмското образование.Се надевам дека нашата соработка ќе овозможи поголема видливост и поинтензивна соработка во наредните години“, посоичи Тозија.

Европските филмски агенции се залагаат за поголема достапност на европскиот филм на различни формати и платформи.Нивната мисија е да им овозможи на локалните култури и различните јазични заедници да бидат претставени на големото платно и моќните, културно експресивни филмови длабоко да влијаат на срцата и умовите на публиката во корист на благосостојбата на целокупното европско општество.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата