„Газеа по гробот на мојата мајка“: Карлеуша се заколна дека со овие луѓе нема да прозбори додека е жива (ФОТО)

21.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Газеа по гробот на мојата мајка“: Карлеуша се заколна дека со овие луѓе нема да прозбори додека е жива (ФОТО)

Јелена Карлеуша уште во јануари годинава одлучи да ја прекине комуникацијата со медиумите и реши се што сака да го каже од сега понатаму ќе го кажува преку социјалните мрежи.

Па така и овој пат кажа се што сакаше да каже исто така преку својот Инстаграм профил.

-Во јануари годинава одлучив да ја прекинам засекогаш комуникацијата со домашните медиуми. Не ни знаев дека мојата одлука ќе го зацврсти медиумскиот линч во наредните 4 месеци. Српските медиуми (чест на исклучоци) газеа по гробот на мојата мајка и ги навредуваа моите деца. Се отиде предалеку. Како добар и поштен човек јас тоа не можам и нема да го опростам. Никогаш повеќе. Социјалните мрежи ќе бидат единствениот начин на мојата комуникација со публиката додека ја работам оваа работа во Србија, пишува Карлеуша.

Таа понатаму пишува дека додека таблоидите пишувале дека таа единственото место каде се појавувала било само Инстаграм станала најследената јавна личност на социјалните мрежи.

-Несвесно воведов нови медиумски правила во кои социјалната мрежа е посилна од било кој медиум во Србија. Така денес моите песни, слики или Инстаграм ги гледаат повеќе од сите дневни и неделни весници и портали заедно. Станав сам свој медиум, додава Карлеуша.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата