Русија им забрани влез во земјата на неколку челници од ЕУ

28.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија им забрани влез во земјата на неколку челници од ЕУ

Русија, меѓутоа, не откри за колку луѓе станува збор, ниту ги објави нивните имиња.

„Руската страна одлучи да ја прошири реципрочната листа на претставници од земјите-членки на ЕУ и институциите на кои им е забранет влез во Русија“, соопшти Министерството за надворешни работи на својата веб-страница.

Во соопштението се наведува дека Русија ја проширила црната листа за да вклучи некои европски приватни воени компании, некои членови на безбедносните служби, парламентарци од ЕУ и други функционери „лично одговорни за промовирање антируска политика“.

Европската комисија се уште нема коментар за овој потег.

Нота со која се известува руското Министерство за надворешни работи на ЕУ за потегот е испратена до канцеларијата на ЕУ во Русија во согласност со редовната процедура, пренесе Индекс.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата