Од почетокот на годината, 75 случаи на глувчева треска во Словенија

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од почетокот на годината, 75 случаи на глувчева треска во Словенија

Оваа година во Словенија се забележани повеќе од 70 случаи на глувчева треска, акутна инфективна болест пренесена од хантавирусите кои се јавуваат во човечкото тело преку контакт со секрет на заразена глодари, предупреди словенечкиот Национален институт за јавно здравје.

До 16 мај се потврдени 75 случаи на оваа болест против која нема вакцина, а во некои случаи може да биде смртоносна.

Повеќето случаи се регистрирани во југоисточниот дел на земјата, особено во покраините Доленска и Прекумурје, според Хина.

Болеста се јавува во неколку фази, а се карактеризира со висока температура, тешка главоболка и болка во бубрежниот предел на стомакот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата