„Хуавеј“ по суспензијата од „Гугл“: Ќе продолжиме да градиме сигурен и одржлив софтверски систем

20.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Хуавеј“ по суспензијата од „Гугл“: Ќе продолжиме да градиме сигурен и одржлив софтверски систем

По објавата на технолошката компанија „Гугл“ дека ја суспендира лиценцата за „Хуавеј“, од кинескиот производител на технолошки уреди велат дека тие сепак ќе продолжат да градат сигурен и одржлив софтверски екосистем.

Исто така од „Хуавеј“ истакнуваат дека ќе продолжат да ги обезбедуваат своите корисници со најновите надградби за безбедноста на софтверот.

„Хуавеј направи значителен придонес во развојот на Андроид низ целиот свет. Како еден од клучните глобални партнери на Андроид, ние тесно соработуваме со платформата со отворен код, развивајќи го екосистемот во корист на потрошувачите и на целата индустрија. Хуавеј ќе продолжи да ги обезбедува своите корисници со најновите надградби за безбедноста на софтверот, како и сите услуги поврзани со постпродажната услуга на постоечките Хуавеј и Хонор производи на пазарот. Вклучувајќи паметни телефони и таблети што веќе се купени од крајните корисници, но исто така и оние кои сè уште се достапни на глобалните пазари. Ние ќе продолжиме да градиме сигурен и одржлив софтверски екосистем, кој ќе им го овозможи најдоброто искуство на потрошувачите и нашите клиенти ширум светот“, се наведува во овицијалното соопштение на компанијата.

Покрај тоа, „Хувеј“ го сподели и официјалниот став од американскиот „Гугл“ по однос на ова прашање од каде велат дека ги исполнуват барањата и ги согледуваат последиците од тоа.

„За корисниците на нашите услуги, безбедносните функции на Google Play и Google Play Protect ќе продолжат да работат на постоечките Хуавеј уреди“, истакнуваат од „Гугл“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата