Борел: ЕУ нема намера да ги евакуира семејствата на своите дипломати од Украина

24.01.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Борел: ЕУ нема намера да ги евакуира семејствата на своите дипломати од Украина

Во случај на агресија врз Украина, Унијата „ќе може да воведе санкции кон Русија во рок од неколку дена”.

САД синоќа соопштија дека наредиле да се вратат дома членовите на семејствата на вработените во амбасадата во Украина, повикувајќи ги сите американски граѓани да размислат за заминување поради заканата од руска воена акција.

Инаку украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников синоќа соопшти дека пристигнала втората пратка оружје од сад како дел од одбранбената помош од 200 милиони долари.

Вашингтон соопшти дека ќе продолжи да ја поддржува Украина поради загриженоста во Киев и меѓу нејзините западни сојузници поради десетици илјади руски војници стационирани долж границата со Украина. Русија негира дека планира воена офанзива.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата